log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Колмако Груп

 kolmakologo

Адреса: ул.7-ми Септември 55, 1430 Кавадарци
Телефон: 043 400 133; 075 414 717,071 217 777
E-mail: kolmako07@gmail.com  
Работно време:
Пон - Пет 08:00 - 16:00
Сабота    10:00 - 16:00

       fbfb 

      ОПИС                

ТРАНСПОРТ

Нашата компанија врши организација на секаков вид на транспорт во зависност од потребите на нашите клиенти.:

- Превоз на обична (нормална роба ) со камиони церади - шлепери , кои во зависност од видот на робата имаат можност за утовар од страна, од горе или од позади целосно опремени со стеги, безбедносни каси  и дополнителна потребна опрема.

- Превоз на роба која подлежи на температурен  режим во посебни типови на камиони - ладилници , опремени со термокинг апарат за достигнување на потребната температура и термограф за приказување на температурниот режим при целиот транспорт на робата . Превоз на роба на замрзнивање и одржување , секаков вид на овошје, зеленчук, месни и млечни производи како и суровини за производство.

- Превоз на текстил во посебни камиони (фургони) за целосна заштита од надворешно влијание, прашина, дожд и сл.

- Превоз на секаков вид на контињери (20 ‘’ , 40 ‘’ и 45’’ ) со камиони - платформи.

Нашите камиони  поседуваат дозволи за внатрешен и надворешен транспорт и се упраувани од професионални возачи со долгогодишно искуство.

 
Превозот и безбедноста  на Вашата роба е наша одговорност, а Вашето задоволство наш успех.

ХТЗ

Компанијата КОЛМАКО ГРОУП исто така се занимава и со производство и продажба на лична заштитна опрема (ХТЗ).

Нашата компанија веќе подолго време опстојува на пазарот со препознатлив квалитет и удобна заштитна опрема која создава чувство на безбедност при секоја работа.

Ние располагаме со голем асортиман на високо квалитетни материјали за изработка на најразлични видови заштитна опрема:

- Високо квалитетни работнички одела ( испишување на лого, разни

*уоросцентни траки - по желба на клиентот)

- Заштитни ракавици

- Сигнализирачки елеци,

- Еднократни комбинезони,
- Заштитни мантили

- Голема понуда на заштитни чевли и чизми, заштитни средства за глава и тело, шлемови, и останати додатоци за заштита на дишните органи.

Нашите производи се одликуваат со врвен квалитет и удобност, кои на работникот му овозмозуваат сигурност и заштита при работењето .
Наши клиенти се "Фени индустри", "Тец-Неготино", "Тиквеш", "Паркови и Зеленило", "Кожувчанка", "ИГМ", "Урбан Инвест" , "Деспина-Кавадарци"," Гранична полиција", "Ником-Кавадарци"," Алијанс оне"... и многу други.

Со текот на годините стекнавме голем број на задоволни партнери и клиенти , а нашето искуство е само мотив да продолжиме со успешна работа.

    ГАЛЕРИЈА           

 

КОЛМАКО

     МАПА                 

Печати