Logo

ЖИВИНО-ПРОМ ДООЕЛ


zivino prom 

Адреса: : ул.Рибник бр.100
Телефон: +389 70 242 487
Е-маил: zivinopromstip@gmail.com
Веб страница:
Работно време: 07.00-15.00 часот

      ОПИС                

Живинарската фарма Живино-Пром е олицетворение на посветеност кон одговорни земјоделски практики, благосостојба на живината и производство на свежи јајца со премиум квалитет, користејќи најсовремена технологија и опрема. Нашата филозофија опфаќа:
- Обезбедување на живината со комфорна средина за живеење, каде ќе можат да опстојуваат во согласност со природата на нивно однесување.
- Балансирана исхрана составена од високо квалитетни зрна и хранливи материи, обезбедувајќи виталност и здравје на живината.
- Имплементирање на највисоки стандарди за хигиена и безбедност, гарантирајќи свежина и чистота на нашиот краен продукт - јајце.
Засега фармата ја сочинуваат 6 објекти опремени со современа опрема по ЕУ стандарди – Биг Дачман Еуровент 1500, со капацитет до 100.000 несилки (кокошки), од кои моментално 4 објекти се активни, а веќе од почетокот на 2025 ќе бидат активни сите 6. Останати придружни објекти се: објект за сортирање и пакување на јајца со магацин за готов производ (јајца) и амбалажа, како и млин за сточна храна за сопствени потреби (кој во моментот се реновира и ќе биде целосно автоматски).

    ГАЛЕРИЈА           

ЖИВИНО-ПРОМ

     МАПА                 

2015 @ Biznis.eu.mk