log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

уника дизајн

unikadizajnlogo


Адреса: Јадранска магистрала 8 (Качанички пат), 1000 Скопје
Е-маил: info@unicadesign.com.mk
Телфон: +389 (02) 2653-000

web

      ОПИС                

Уника Дизајн ДООЕЛ Скопје е фирма во целосна приватна сопственост, која опстојува веќе 18 години, на домашниот пазар. Своите почетоци ги бележи во мала столарска работлница која низ годините прераснува во тоа што е денес – фирма која брои 20 вработени , и располага со сопствен погон за производство опремен со најнови и модерни машини како и голем изложбен салон опремен со голем број на експонати. Главната дејност на фирмата е проектирање и производство на корпусен мебел по нарачка (детски соби, спални соби, кујни,елементи за ходници,шибер плакари,елементи за тоалети, комоди,канцелариски мебел, итн), како и врши услуги за кроење и кантирање на иверица.Во последните неколку години фирмата произведува и индустриски мебел. Станува збор за производство на многу дисплеи – елементи за изложување на артиклите на своите клиенти, ТВ ѕидови, острови за изложување на мобилни телефони, таблети и други специфични видовина мебел.

Picture1Во однос на индустрискиот мебел Уника Дизајн може да се пофали како главен добавувач на Cheil Австрија – главна маркетинг агенција на Samsung од Кореа во последните две години за балканскиот регион . При производтсвото на мебелот се користи висококвалитетни суровини : оплеменета иверица , медијапан , фурнирана иверица, фурниран медијапан , како и високо квалитетен оков за мебел.Во зависност од желбата на купувачите се вгардува модерен и квалитетен акцесорис за мебел.
Квалитетот е на прво место пред се , како квалитет при изработка, така квалитет и при монтирањето на мебелот и другите услуги кои ги дава фирмата.
Уника Дизајн е во постојан чекор со трендот , како на суровините кои ги користи при изработката на мебелот така и во тренд со модерниот дизајн.

Производствениот погон е опремен со многу машини, со различни операции за потребите во процесот на производство. Со овие машини – мешу кои се многу нови и модерни машини , фирмата е спремна да работи со полн капацитет и во секое време да одговори на потребите на клиентите.Не постои производ која компанијата не може да го произведе, или услуга која не може да ја заврши.

Идни цели и планови : Фирмата од нејзиното појавување па до денес има остварено голем прогрес , па така да и за во иднина фирмата се стреми кон поголем прогрес, проширување на дејноста како и проширување на погонот за производство, зголемување на бројот на вработени , како и отварање на повеќе изложбени салони ширум Македонија. Фирмата е секогаш заинтересирана за инволвирање на нови и модерни технологии во одделот за производство, внесување на нов и модерен дизајн во проектирање на мебелот како и следење на модерниот тренд.

    ГАЛЕРИЈА           

 

уника дизајн

     МАПА                 

Печати