|
Адреса: Ул. Миро Барбара бб |
Меана Кај Чомбе е етно ресторан во Пробиштип, каде традицијата, вкусот и гостопримството одат рака под рака.
Кај нас ќе уживате во најдобрите локални специјалитети, приготвени по рецепти кои се пренесуваат од генерација на генерација. Скара на жар, сочно прасе на ражен, јагне под вршник, нашата прочуена пастрамајка и многу други– секое јадење е направено со љубов и внимание, баш како дома.
Во амбиент што потсетува на минатото, ресторанот е украсен со предмети од старите македонски домаќинства, фотографии и артефакти од регионот на Пробиштип. Преку нив, го оживуваме духот на некогашниот живот и го запознаваме секој наш гостин со богатата историја на нашиот крај.
Меана Кај Чомбе е фамилијарен бизнис со традиција од 35 години. Годините поминати во создавање на ова место се сведоштво за љубовта кон храната, луѓето и културата. Дојдете, почувствувајте ја топлината на нашето огниште, уживајте во вкусната храна и дозволете да ви создадеме незаборавни спомени.