log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Мк-екопак

mk ekopaklogo 

Адреса: Ул.Коле Канински бр.5-а, Битола
Телефон: 047/525-252
Мобилен: 070/350-544
Email: mk-ekopak@t.mk

  

web    fbfb 

      ОПИС                

 

ПРОФИЛ
МК-ЕКОПАК е компанија со 30 годишно искуство во претприемништвото во графичката индустрија, a како сопствена фирма е основана во декември 2008 година и од тогаш успешно делува во Македонија и на Балканот. Специјализирана е за производство на хартиени кеси и картонска амбалажа, а во склоп на компанијата се и графичкиот дизајн и производството на печатени материјали со врвен квалитет, како и професионалната доработка. Денес компанијата нуди целосна услуга, од креативен дизајн преку висококвалитетно печатење, користење на најквалитетни материјали до професионална доработка на производите, се со цел да ги задоволи барањата на својте клиенти. Исто така се занимава и со продажба на репроматеријали како што се полипропилен фолии, сјајни, метализирани и мат.

ПРОИЗВОДСТВО НА ХАРТИЕНИ КЕСИ
МК-ЕКОПАК со своето производство на хартиени кеси е застапена во повеќе области како што се: модната, козметичката, прехрамбената индустрија, и кеси за широка потрошвачка. Кесите се изработуваат од висококвалитетна хартија. Према потребите и желбите на клиентите кесите се доработуваат со разни техники: пластифицирање (со сјајна или мат фолија), нанесување на лак со spot UV технологогија, печатење со златна фолија (златопечат), нанесување на релјеф, а исто така има голем асортиман на рачки во разни бои и дезени кои можат да бидат изработени и по нарачка.

ПРОИЗВОДСТВО НА КАРТОНСКА АМБАЛАЖА
МК-ЕКОПАК со своето производство на картонска амбалажа е застапена во повеќе области како што се: козметичката, прехрамбената, фармацевтската и тутунската индустрија и амбалажа за широка потрошвачка. Амбалажата се изработува од повеќе видови картон со висок квалитетoт. Према потребите и желбите на клиентите амбалажата се доработува со разни техники: пластифицирање (со сјајна или мат фолија), нанесување на лак со spot UV технологогија, печатење со златна фолија (златопечат) и нанесување на релјеф.

ТЕХНОЛОГИЈА
За МК-ЕКОПАК е важно да се напомене дека располага со врвен тим на експерти во својата област, со долгогодишно искуство во графичката индустрија, кои долго време работат како тим и можат секогаш одговорно и професионално да одговарат на барањата и потребите на клиентите.
МК-ЕКОПКАК располага со врвна технологија за офсет печатење, тука се вбројуваат офсет машини за печатење од најреномирани производители: Heidelberg, Komori, Roland (4 и 5 бојни) во B1 формат кој овозможуваат да се добие врвен квалитет на отпечатокот, брзина и флексибилност во работата и секогаш навремено и квалитетно да се одговори на барањата на клиентите.
Во одделот за доработка располага со машини за пластифицарање, spot UV лакирање, злато печат и штанцање кој на производите му го даваат конечниот изглед и квалитет.

    ГАЛЕРИЈА           

 

Мк-екопак

     МАПА                 

Печати