log in

800x205px

ПРЕПОРОД НА ЖИВОТОТ

      ОПИС                

preporod logo novo

Здружението на граѓани ПРЕПОРОД НА ЖИВОТОТ, со седиште во Струга и со цел да се отворат повеќе органоци низ поголемите градови во Македонија. Здружението е основано од г-дин Ристе Чуркоски атласолог со намера луѓето на лесен и едноставен начин да се излечат од болести и здравствени потешкотии. Меѓународното име на мисијата Препород е HumanUP оздравување на човекот и подигнување на човештвото.
Проф. др Рајнер Зајбел, еден од водечките експерти за 'рбетот на планетата, во својата морфолошка студија Нашата глава е исчашена (2010) докажува дека првиот пршлен под черепот, атласот е изместен кај најголем дел од популацијата во светот. Повеќе од 100 години пред него, основачот на модерната киропрактика Даниел Палмер забележал дека поместениот атлас од неговата прецизна анатомска позиција ги предизвикува речиси сите болести и тешкотии, но тој не пронашол начин првиот пршлен да го врати на место. Тој знаел дека така се постигнува подобра комуникација на мозокот со телото и подобра циркулација на крв, а со тоа и подобра регенерација на целиот организам, но не знаел како да ја помести рамната коска под черепот. Сто години подоцна Швајцарецот Рене Шимперли сватил дека атласот не треба да се допре, доволно е со масажа да се релаксираат лигаментите на задиот дел, па атласот и черепот ќе се склопат како што треба и ќе го ослободат притисокот на нервите, крвните и лимфните патишта.
г-дин. Рене Шимперли е творецот на методата Атласпрофилах а господинот Предраг Ѓорѓевиќ ја доусовршил истата метода и ја патентирал методата HumanUP.
Името Препород методата (HumanUp) го добила затоа што многу од луѓето кои биле на третман после извесен период кажале дека се чувствуваат како препородени.
Пред да се одлучете за HumanUP метода потребно е да се знае како ќе се добие многу подобро здравје и излекување. Тоа е сосема нов пристап во решавањето на здравствените проблеми и болести. Ова е ново, но конечното решение, со кое се елиминира причината на болестите. Ние го спречуваме почетокот на проблемите, за разлика од сите останати лекувања кои го третираат крајот на лозите процеси во телото. Со помош на овај сајт, со јавување на телефонските броеви или контактирање по маил детално ќе се запознаете со нашите активности, но најдобро е да дојдете во некои од нашите ограноци во Македонија и регионот. Па откако ќе го провериме вашиот 'рбет, подетално ќе разговараме во врска со вашето здравје. Првата средба е бесплатна, кога и ќе ви се покаже како се врши масажа и ќе слушнете и погледнете искуствата на луѓе кои се ослободени од болести и потешкотии.
Веќе десетина илјади години проблемите со здравјето почнуваат од задниот дел на главата и со текот на животот тие се симнуваат низ телото. Луѓето се обидувале со масажа на тилот да ги елиминираат болките, но се до сега не сватиле дека првиот пршлен под главата им е изместени и дека тука е почетокот на скоро сите здравствени проблеми.
Сега конечно е пронајден начин како само со една масажа во животот првиот пршлен да се врати на неговото анатомско место. Кога ќе дојдете на масажа, пополнувате пристапница во нашето здружение и плаќате чланарина и после тоа местењето и држењето на првиот пршлен во правилната положба е бесплатно. Откако ќе го пополните прашалникот за вашата здравствена состојба, ние ќе го прегледаме ‘рбетот и ќе утврдиме колку е изместен првиот пршлен.
HumanUP методата се изведува во опуштена седечка позиција, со помош на масажер кој со ситни вибрации ги масира лигаментите кои го држат првиот пршлен на лошо место. Масажата кај бебиња и деца трае десетина секунди, а кај возрасни околу 1 минута. Со прегледот после третманот ќе утврдиме дали вашиот пршлен е наместен, а тоа и сами ќе го почувствувате. Од тој момент почнуваат олеснувања во организмот, а процесите на излекувања понатака во животот зависат од возраста, состојбата на организмот и природата на болестите.
Месец дена после масажата, возрасните лица доаѓаат да им се заврши масажата и тогаш разговараме околу подобрувањата или за можните реакции, кои се знак дека во организмот се случуваат процеси на самоизлекување.
Добре дојдовте во Здруженитео на граѓани ПРЕПОРОД НА ЖИВОТОТ

    ГАЛЕРИЈА           

 

ПРЕПОРОД НА ЖИВОТОТ

     МАПА                 

Печати

     КОНТАКТ                 

Скопје центар ул. Елисије Поповски 23
Телефон: 078409993
E-mail: info@preporod.eu.mk, contact@preporod.mk
Web: www.preporod.eu.mk