log in

Адаптирани за пребарувачите google.com; yahoo.com и сл.

Gina Sherovska: Човековата Ахилова пета

0Сум пишувала и претходно за “нормалната” лудост што секој човек ја носи во себе и дека никој ама баш никој неможе истата да ја суди. Но, она што буди интрига е прашањето - Дали сме ние навистина луди или тоа е само уште еден производ со етикета на системот? - Сите сметаме дека ние го креираме системот, односно дека е започнат од нашите поколенија. Да не звучам револуционерно но, реално ние немаме буквално никаква допирна точка со него. Идеата е дека имаме, да. Но, реалноста е сосема поинаква. Ние имаме чувство дека го сочинуваме, партиципираме па дури и креираме, но само навидум. Тоа е еден вртлог кој не’ обзема и секогаш не призејмува после катастрофата. Зошто инаку која би била поентата на владеењето, ако не покажување на моќ со удирање на тешка шлаканица потоа проследена со блага нежност исто како допирот на мајката на образот на своето чедо. Па, така ние среќни параноици го констриураме животот базирајќи се на некои непишани правила кои ни се наметнати. Не пишувам за системи на владеење, ниту пак индиректно посочувам држави. Под систем во оваа колумна го подразбирам светот, прикриената движечка сила.

И така човек во еден момент, експолодира! Од него започнуваат да излегуваат искри како при ковање на железо! Толку јаки што доколку би дошле во контакт со човечка кожа би ја распнале во секунда. Оголеност и неповратливост. Емоции на гнев и бес кон светот, неправедниот свет кој што не му дава да дише, кој што го тероризира немилосрдно и му наметнува форма на постоење претходно не видена за човека. Едноставно како да сака да креира монструм, кој при своите дејствија ќе го трансферира тоа одрвратно чувство кон останатие, своеволно за и тие да се напијат од неговиот “отров”, кој навидум сам решил да го испие. Колку е болно тоа чувство кога ќе ја допрат душата со валкани раце, кога ќе сакаат да го искорнат срцето и да создадат илузија дека сеуште е таму, дека сеуште чука. Кога сакаат човек да живее, а тој е веќе мртов. И така доаѓаме до крајот кога ќе сакаат да го повредат, но ништо не оставиле што би можело да го повреди. И тогаш човек не е злобен, тој е само продукт со етикета на системот. Послушен граѓанин на кој му беше кажано да го прави тоа што е исправно за другите, дека тоа ќе му донесе бериќат во пустиот живот. Живот кој другите го живеат за него, а тој не е свесен за тоа. Секоја шлаканица ја мислел за поткрепа од животот, дека тоа треба така да биде и никако поинаку, крај краева така велат дека било и порано. Тие што велат го газат со своите опинци и без малку трошка на милост.

Но, за секоја несреќа и катастрофа постои потенцијално спасоносна димензија која е длабоко вкоренета во сите нас. Она што човек треба да го направи со цел да се “спаси” од прогонувањето е да се идентификува со внатрешниот облик на своето битие. Човек треба да стане свесен за тивките звуци кои шепотат во него за да го обземе смиреноста која што ќе го извлече од овој хаос на системот.

Радоста и љубовта доаѓаат од срцето, а бесот од петата, Ахилова.

Gina Sherovska