log in

Адаптирани за пребарувачите google.com; yahoo.com и сл.

Gina Sherovska: Замокот Заборав

0Имаме природна рекација за заборавање. Но, постои еден поинаков заборав, мотивиран, за кого човек живот би дал, можеби. Да претпоставиме дека тоа е дел од процесот на заздравување. Но, вистинското прашање е дали една личност навистина може да заборави, односно да ги потесне сеќавањата. Колку е длабока длабочината која што побарува да се закопа, еден момент кој што го “јаде” човека. Момент кој што може да се поистовети со внатрешен непријател кој сака да предизивика деструкција. И колку време е потребно да помине, за да може тоа да се стави таму некаде позади во мислите на измачениот. Недели? Месеци? Години? Или можеби пак, цело животно постоење.

Ги спојува ретенцијата, репродукцијата и регоницијата за сите оние така наречени лоши сеќавања, ноќни мори со кои личноста се обидува да го живее секојдневието или пак оние кои некогаш претставувале радост, но веќе не. Сеќавањата ја диктираат нашата реалност, само што не знаеме со колкаво влијание. Во кој круг на Данте припаѓа тој злобен, проколнат внатрешен непријател кој човек толку сака да го отфрли од себе, а неможе. Па, се одлучува да заборави на присилен начин, зошто колку повеќе се труди толку потешко, зошто секоја “средба” завршува како глина, останува тука и е иста, само формата е различна секој нареден пат. Дали во виното ја пронаоѓа својата вистина, финалното решение проследено со неколку капки солзи или пак со смеењепридружено од високи тонови, и неколку неконтролирани гримаси на лицето? Таа е таа надеж која му се буди, дека тој вечен товар ќе биде за момент симнат од неговите гради. Товар кој како сенка го прати. Воедно да ја симне и таа круна која тежи секој ден се повеќе и повеќе, зошто општеството ја гледа позлатена, а не знае од што е направена и колкава тежина има во себе. Можеби човек треба повторно “да го доживее” истото тоа, на негов сопствен начин со цел да си ја смири својата малечка душа. Малечка зошто тие несреќни моменти копаат бездна, од која на крај не останува ништо од тоа што претходно било во неа. Тоа е исто како да молиш некого во позадина кој што ги држи конците во рака, а ти си куклата која е на сцена, оголена пред светот, а угнетена во себе. Но, што се случува доколку неможе да се “закопа” тоа сеќавање? Што доколку човек продолжува да пропаѓа во сопствениот жив песок и не знае какви мерки да превземе, доколку постојат такви се разбира. Знае дека може да биде спасен, но никој нема кој би го направил тоа.

Чувствата кои ги има во тој момент, чувство на тага, анксиозност, внатрешен немир се реакција на тоа што тој сака да го искорени од себе. Реакција која сака се збогува со таа “сенка” на сеќавањето која го прогонува, со цел да не стане опседнат сам со себе. Можеби на крајот на денот, сепак останува таа трошка надеж дека утрешниот ден ќе биде поразличен од претходниот и тие интензивни емоции кон сеќавањето маѓично ќе исчезнат. Останува дека умствените и емоционалните страдања, нема да причинуваат повеќе штета и првото утринско кафе ќе помине во мир и спокој длабоко во внатрешноста на битието. Сепак, заборавањето е дел од она што е запомнето.

Gina Sherovska