log in

Адаптирани за пребарувачите google.com; yahoo.com и сл.

Gina Sherovska: “Нешто старо, нешто ново со сите бои од виножитото”

Gina-Sherovska

Откако прифатив да пишувам колумна, размислував за тоа која тема би била соодветна. Добив совет да биде нешто ново и пред се атрактивно за читателот од моја блиска личност. Го зедов тоа во предвид, меѓутоа не посветив некое посебно внимание на советот. Меѓутоа социјалните мрежи ме поттикнаа да размислам на поинаков начин, еден вид традиционален. Исто како што е традиција невестата да има нешто старо и нешто ново и јас одлучив да пишувам за нешто старо, а сепак ново.

                Во последните можеби месец дена сведоци сме на препкукувањата кои ги имаме на социјалните мрежи, зборувам на ниво на Македонија. Зборувам за предрасудите кои ги имаат голем дел од нашата нација, а се однесува на хомосексуалноста, трансексуланоста и трансџендерите . Фифи беше на удар уште од поодамна и сега повторно е актуелна, исто така видов пост на видео за хрватска девојка која направи документарен филм “Zašto” преку кој ја кажува нејзината тажна па дури и трагична судбина. Гледам “славни ” личности кај нас критикуваат беспотребно, но можеби се чувстуваат загрозени ако се изјаснат дека ги поддржуваат тие лица, зошто Боже некој би си помислил дека и тие се дел од таа заедница па решиле сега да бидат дел од “сериското производство” на општеството; мајки и татковци кои урлаат во буквална смисла, како е тоа можно и дека е против природно; деца кои сеуште немаат изградено став во животот, а плукаат по лицата кои решиле така да го живеат својот живот, кои направиле избор. Сите знаат да ракоплескаат на слобода на изразување, но кога тоа ќе се случи, тотална трасформација на истите тие што ракоплескале и биле најгласни од моментот на поддршка . Сето тоа преминува во момент на критика. Можеби тоа е резултат на недоволна развиена емоционална интелигенција и недефиниран став на одредена тема. Зошто? Каде замина нивната либералност и воопшто каде замина либералност на македонецот во која се колне пред Бога и пред ЕУ? Нели конзервативност ја оставивиме во минатото?

                За тие што незнаат, во Уставот на Македонија загарантирани се човековите права. Па, така ако ти знаеш дека си стрејт зошто да се почувстуваш загрозено или вознемирено? Нема потреба доколку добро се познаваш себе си. Никој не навлегува во твојата интима и приватност па зошто ти би го правел тоа на некој друг. Замислете обратна ситуација, сите ние што сме стрејт да бидеме перцепирани како абнормални личности и да бидеме константно напаѓани, да постои инвазија на нашето внатрешно Јас. Што тогаш? Човек неможе да почувстува како му е на другиот доколку не се стави во неговите чевли, можеби звучи клише меѓутоа тоа е суровата реалност. Никој не знае каков бил развојот и животот на таа личност пред и потоа откако се декларил дека е поинаков. Затоа предрасудите и преврќањето очи и критиката задржетеа за себе. Ако веќе сметате дека сте совршени со две деца, со плата, во брак како едно просечно семејство во Македонија, и ако сметате дека тоа е најправилно и дека е цел на секој човек, тоа значи дека ги криткувате и самохраните родители, и оние кои што се разведени, а да не зборуваме за оние кои направиле повторно велам, избор во животот да не стапат во брак.Дали и тие се таргет група на вашата критика?

Кога веќе сум кај фимилијата, верувам не, сигурна сум се јавува прашањето за брак и посвојување. Тоа прашање во светот беше поттикнато уште во деведесетите години што доведе до промена на законите во неколку држави во светот. Со текот на годините истополовите браковите биле сметани за вид на “девијантно сексуално однесување” меѓутоа со напредокот во светот, сé промени, вклучително и тоа. Зошто некој би решавал кој со кого да биде во брак, кога тоа не би било од штета за општеството. И тие би плаќале даноци, и тие би оделе на работа и би живееле нормален живот. А што се однесува до посвојувањето, јас само едно би прашала.. Дали е подобро дете да живее во дисфункционално семејство каде таткото врши насилство врз мајката а можеби и врз децата или тие се само сведоци на тоа и замислете тоа е основата на нивиот карактер или е подобро да детето да расте и живее со исто-полови родители и се да биде во ред?

На крај на денот, сé сведува на слобода, оргиналност и пред се храброст на една индивидуа. Сите сме исти, само начинот на размислување ни е различен, па зошто да не отидеме еден чекор понапред и прифатеме некој за она што е како личност, како индивидуа не гледајќи ја неговата сексуална ориентација или било кој избор кој нема да биде штетен врз неговиот и нашиот живот.

Gina Sherovska