log in

Адаптирани за пребарувачите google.com; yahoo.com и сл.

Gina Sherovska: ’’Потребни се само неколку минути за...’’

0

Колку всушност ги знаеме лицата кои се дел од нашиот социјален живот? Колку ја знаеме личноста со која го делиме креветот? Малку? Многу? Искрено неможе да се измере. И тоа е со причина, поради фактот што ние сме очајни жртви на промена. Ja посакуваме и на крај ја остваруваме, свесно или несвесно. На крај на денот таа е и единствентата константа во цела наука на универзумот. Како индивидуи се менуваме, еден ден стануваш наутро и во период од две до три минути сфаќаш дека всушност тии не сакаш да бидеш таму каде што си, дека нешто недостасува и дека не си среќен. Пријателите се менуваат и на крај на денот сфаќаш дека тие се фамилијата која ти ја избираш. Фамилијарните односи исто такасе подложни на промена. Годишните времиња се менуваат. Градови се создаваат. Деновиве сме сведоци на промени на државно и меѓународно ниво кои се случуваат додека да трепнеш. Ние сме резултат на една таква промена.

За момент, кога човек ќе направи неколку чекори назад и ја има пред себе “големата слика” доаѓа чувството дека ништо не е исто како порано. Сé променило и без разлика колку и да се бори против тоа, знае дека е безначајно. Тука е и ќе остане се до наредната ... веќе знаете што. Бајките и приказните што ни ги кажувале како деца заминуваат во минатото, каде остануваат такви какви што биле. А ние се движеме напред. Можеби звучи застрашувачки, но таа е вистината. Никој не знае што го очекува утре и во тоа е целата убавина, во несознанието. Во изненадувањето, во скриената воздишка и сивата боја на иднината. Некои ја сакаат и едвај ја чекаат за разлика од другите кое им е последното нешто што го посакуваат. Секако, тука постои и стравот од “колатералната штета” која може да ја предизвика таа промена во животот, но тоа е ризик кој се превзема несвесно. Генерално ние мислеме дека тие промени воопшто нема ни да се случат, зошто ние сме си задоволни во нашата така наречена удобна зона. Но, вистинската битка започнува кога ќе настане самата промена, целиот пресврт на настани. Менуваме ставови, влегуваме во категорија на возрасни лица одговорни за своите постапки, менуваме локација на живеење, менување партнер во животот, менуваме професија. Всушност, ние не ни знаме дека тоа ни се случува зошто очекуваме нешто сензационално, нешто “големо” кое би го означило сето тоа, би не предупредило на некој начин. И во еден момент сето тоа ни се случува, го чувстуваме на наша кожа стануваме свесни. Меѓутоа се случува и таква ситуација каде сеуште сме заглавени во состојбата и начинот на живот кој што сме го имале претходно. Кога ефектот на земјотрес ќе влијае врз нас и кога ќе погледнеме околу себе, ние не препознаваме апсолутно ништо само некои нијанси на тоа што било претходно.

Зборувам за неинтенциозни промени, за оние кои доаѓаат пропратно во животот, оние несвесните. Она во кое сме биле сигурни во еден момент станува рушевина од спомени, отворена гробница која чека да биде затворена. Моментот кога ние ќе ја прифатеме промената и ќе бидеме спремни да се да се соочиме со последиците од истата. Промените се доказ дека ништо не трае вечно, нели panta rhei. Емоции, ставови, пријателства, родители, надворешен свет, па дури и внатрешен, не менува како личности, прави архетип кој ние слепо го следиме. Но, самата природа на човекот е да биде адаптибилен на промена, било каква и да е. Како да нема друг избор, тоа е тоа што го добива и знае дека доколку го остави ќе биде просечен, а тоа никој не го сака. Секој има амбиција и поради тоа чувство што ни е двигател ние константко и ги прифаќаме промените. Можеби не како пропратен дел од животот, но ги прифаќаме.

Една птичка не прави пролет, но една минимална промена прави драстични промени во животот. Можеме да ја отфлеме или да ја прифатеме. Но, колку всушност ќе ја отфрлеме? Дали ќе бидеме имуни, резистентни на тоа чудо, кое како порок не влече? 50 нијанси на злоупотреба на животот кон нас. Она што е најинтересно е дека ние тоа постојано го посакуваме, но не сме се запрашале дали сме спремни за остварување на истото. Ладнокрвноста и незаинтерсираноста убиваат ама баш се, па ајде да не бидеме подложни на тоа, да ги прифаќаме нештата како што доаѓаат со сите убави и не толку убави карактеристики. Да уживаме во секојдневието, во малите работи кои ги чинат големите. Да имаме аспирации и мотивација која цели кон победа од различен вид. Да го прифаќаме животот и неговите елементи такви какви што се и да ги моделираме на начин на кој ни одговара на нас и како. За на крај на денот да бидеме среќни и исполенети како лица, како внатрешно кон себе, така и надворешно кон општеството за сечија благосостојба.

Gina Sherovska