log in

Адаптирани за пребарувачите google.com; yahoo.com и сл.

Gina Sherovska: Porqué?

Gina-Sherovska“Whatcha got ain't nothin new. This country's hard on people, you can't stop what's coming, it ain't all waiting on you. That's vanity.”

-No Country for Old Man

                Претседателските кандидати слободно можат да земат здив, и да се одморат. Социјалните мрежи фрлија прашина врз нив, иако на кратко. Денеска не дискутираме за тоа кој ќе биде претставник, кој ќе го отсликува народот македонски, денеска дискутираме ... Не. Не дисутираме, се расправаме, препуцаваме, ја пишуваме цела омраза што ја чувстуваме во срцето со најпогрдни можни зборови, мислејќи дека на тој начин ќе покажеме колку сме влијатели. Епа не сме, барем не на тој начин.

                СЕЉАЧИШТА! ДЕГЕНИ. БРУС ЛИ и разни други ГОСТИ, ги преплавија македонските портали, за Фејсбук воопшто и нема да пишувам. Само сакам да прашам едно нешто: ЗОШТО? Како што забележав пишувањето навредливи зборови со големи буквисе смета дека “ќе привлече повеќе внимание” па ајде и овој обичен прашален збор да добие на внимание.

На крајот на денот, седнуваш палиш цигара и ја бараш поентата во сето тоа. Ја нема, зошто е бесмислено. Привчно ние самите како нација со овие мали, бедни, никакви работи даваме до знаење дека не се почитуваме. Доколку самиот себе си не се почитуваш, како ќе почитуваш некој друг? Тешки се овие времиња кога мора да се бориш крвнички за да добиеш бесплатен шот во бар или да покажеш моќ што ќе влезеш прв од сите кои чекаат пред диско зошто (не) ти се може. Квази славни лица на кои им се зема гумата за џвакање зошто тајните обожаватели сакале да си ја закачат на ѕид, а прстенот да им биде веренички. Ликови од филмови преточени во приказните за еден град. Лица исполнети со вештачка суета. Зборот провинција станува поим еднаков со ѓаволот од Библијата. Кажување на ужасни зборови исто како “Добар ден”. Култура апсолутно сведена на нула, а дури можеби и во минус влегла.

Ова е Македонија, преубава земја за да може да ја издржи цела оваа омраза. Сите сакаме да имаме подобро утре. Сите сакаме слава која ќе ја добиеме плукајќи по грбот на некој друг. Сите сме за некаде односно за никаде. Човек не те прави градот што е наведен во личната карта. Човек те прави тоа како си се изградил во животот и како ќе се развиваш пропратно спознавајќи се себе си. Сите доаѓаат во Скопје. Сите тие се провинцијалци. Дали тоа значи дека дедото твој, мој, што дошол од друг град од нашата држава да се бори за некаков подобар живот во дадни околности го прави провинцијалец, а ти што си се родил/а во Скопје те прави градски човек? Сите придонесуваме подеднакво во различни сфери од нашето живеење. Дали лицата кои работат во јавните институции, а се од другите градови се исто толку безначајни? Или можеби тие се за степен повисоко од овие другите зошто сепак зависи секојдневието од нив? Ги воздигнуваме странските државјани кога ќе дојдат кај нас, нозете им ги бацуваме и на тие што треба и на тие што не треба, а сопствениот народ си го газеме и упорно продолжуваме. Ова не се однесува на спортот, политиката и другите компетитивни области. Ова се однесува на повреда на личниот интегритет со говор на омраза. И тоа безпотребно.

Секој треба да си го знае своето место и да се знае себе си. И да речам дека сите би требало да живееме во мир и благосостојба, ќе згрешам. Зошто вистината е дека тоа не е возможно, но она што é дека може да се дејствува на соодветен начин за да се добие истиот ефект во одредена мера. Не застапувам, ниту пак бранам ниту еден став во оваа колумна, туку го кажувам моето мислење, што е евидентно.

Да бидеме свои. Да се издвоиме од толпата, издвоиме од општеството, а сепак да придонесуваме кон него. Интелектот е тоа што нé прави поразличени од другите, а не како што кажав градот наведен во личната карта. Тоа многу лесно и брзо се менува. Релативно е. Зошто може да бидеш “провинцијалец” умствено, а не според град од каде што доаѓаш.

-Gina Sherovska