log in

Адаптирани за пребарувачите google.com; yahoo.com и сл.

Gina Sherovska: Кино на зборавени сеќавања

                                                               

Gina-SherovskaКино. Место каде што се обидуваме да избегаме од реалноста, од секојдневието, од долгите расправии и бесконечните дискусии, односно да избегаме од општеството во кое живееме, со желба да нурнеме во фантастиката, мистичноста, хуморот и лажната романтика на големото платно. Повторно ќе напишам, нешто слично како “Алиса во земјата на чудата”.

Што би било доколку поимот кино, не го перцепираме во неговото буквално значње? Да не претставува место каде одиме да гледаме блокбастер или Касабланка? Замислете да го гледаме своето минато, токму на тоа платно. Како битија ние забораваме одредени нешта, личности, места, интенциозно или не. Зошто? Човекова природа, сме биле повредени, на ваков или на таков начин дури па, и доколку постои некое добро сеќавање ние одбиваме да го донесеме повторно во нашите мисли зошто знаеме колку лошо завршило. За овие девијантни сеќавања, за “тажно” минато, пишувам. И така одеднаш, купуваш карта за да ја гледаш својата “ноќна мора” со пуканки во едната рака, а кока кола во другата. Колку забавно би било тоа?

Има тука и некој еклузивитет, тоа би било индивидуално. Зошто сигурно не би сакала некоја личност да го споделува своето минато, чим еднаш одлучила да заборави на истото. Значи без аутсајдери, молам. Прашањата што сакам да ги поставам се: Како би се чувстувале во тој момент? Дали би биле прелавени со истите емоции кои сме ги имале тогаш или би ги гледале нештата од поинаков аспект? Дали би им опростиле на лицата кои во тој момент се наоѓаат на тоа големо платно? Дали би можеле да разбериме што отишло во погрешна насока? Forgive and forget. Вечното прашање: “Доколку опростиме, дали навистина може и да заборавиме?”, или подобро би било вака формулирано “Доколку заборавиме дали тоа значи дека сме опростиле? ”. Зошто на тој начин, веќе сме ги избришале, ги нема, не постојат во нашата мемориска картичка. Па, така наместо да го гледаме своето минато, одиме во кино го гледаме тоа “наше” минато, но не знаме дека всушност се случило, зошто од кајнас е веќе избиршано. Тоа би било нешто од типот – гледаме она што биможело да се има случено once upon a time, а не се случило. Добро би било доколку би можеле да избериме, што сакаме да гледаме - среќа или тага – Мислам на цело наше минато од моментот кога ние ќе одличиме да ги заборавиме тие делови кои не сакаме веќе да ги имаме во нас, со нас. И во моментот кога ќе излезеш од кино салата бр. 6 повторно си ист како и претхнодно, не се сеќаваш на апсолутно ништо. Кој знае можеби ќе постои вакво нешто во иднина.

Кино... место каде што се чувстуваме софистицирано во однос на културното ниво кое го имаме. Дали ќе го имаме истиот став после нашиот филм? Дали ќе го мразиме или ќе го сакаме уште повеќе? Можеби ќе заборавиме на пуканките и кока колата, и само немо ќе поминеме низ тоа платно во тие неколку мигови кога стануваме од столчето и се упатуваме кон излезот, пред да заборавиме на сé претходно? Или не. Да не заборвиме на тоа што сме го гледале претходно, да знаме дека од тој момент ќе биде со нас во секој дел од нашето постоење. Така може ќе живееме со голем товар врз себе, што се однесува на тој период од живтот. Или пак, ќе започнеме да го цениме зошто ни дал нов поглед, прочистена перспектива која ни дозволи да ги видиме нештата на поинаков начин со отворени очи за деновите кои што доаѓаат?

-          Gina Sherovska