log in

Адаптирани за пребарувачите google.com; yahoo.com и сл.

Gina Sherovska: #Icebucketchallange Македонија

Gina-SherovskaЗдраво, најмили!

Пред да настане #Icebucketchallange, на социјалните мрежи доминираше малце поинаков предизвик кој вклучуваше личноста да донира финансисики сретства за истражување кое е во доменот за борба против канцер или ќе мора да скокне во ладна вода. Со тек на време, односно во периодот Јули – Август годинава, овој предизвик се стекна со мали модификации со што успеа да ја поттикни свеста за амиотрофична латерална склероза (ALS) која што е прогресивна, неуродегеративна болест.

Повеќето од нас, се информирале за што всушност станува збор зошто живееме во екстремно развиен технолошки свет, за тоа која е целта на самиот предизвик - да се Донираат финансиски сретства за оние кои имаат сериозен здравствен проблем. Во САД тоа е за АЛС, во Велика Британија за Асоцијацијата за болести на моторен неурон. Кај нас, сретствата се упатени кон Олгица Тодоровска која боледува од карцином со потекло од гениталиите, и кој карциномот се проширил на дел од тенкото црево и мочниот меур.

Она што ми е комплетно не сфатливо и за кое сакам да се осврнам е перцепцијата на одредени поединци во нашето општество кои цел овој момент со #Icebucketchallange го сметаат за некој си вид на игра, во која треба да партиципираат зошто некое другарче од соседниот влез ги предизвикал, зошто ќе биде најјак фраер на школо или зошто сите го прават, па ајде и јас. А зошто? Ни самите незнаат. Независно од годишна возраст и пол. Истиот момент беше и со селфи фотографиите али како и да е, одреден дел од популација не е информирана за сериозноста на овој предизивик и што може да направи една таква донација. Тука го имаме и тој друг тип, ќе снимам видео каде што незрело се смеам со другарчињата али само за да бидам дел од трендот кој што се шири на социјалните мрежи,као демек некој ќе провери дали сум донирал или пак Драган Вучиќ ситуација. Дали некогаш сте помислиле (хипотетички), дека и вие може да бидете жртва на една таква болест, па некој Вас да ви е исмејува и да не ја сфаќа сериозноста на тоа од кое боледувате? Тогаш не ви би било толку забавно туку напротив, би чувстувале тага, болка, гнев, да не речам бес, зошто некој неможе/несака да се стави во вашите чевлчки и да се соочувстува со тоа како ви е, наместо да снима некои глупави видеа и да се натрпреварува со светот.

Немојте да ме интерпретирате погрешно, не реферирам кон самиот чин на полевање со вода, туку на оние кои се полеваат, а на крај на денот не донираат. Доколку сте предизвикале некој, сте номинирале, сте се полиле со вода и најважно доколку дониравте, секоја чест за вас! Славните личности направија одлична и забрзана промоција на самиот предизвик, односно успешно го инкорпорираа психолошкиот ефект кој што би го имало сето тоа врз масата луѓе. #Icebucketchallange е замислен да ја подигне свеста за одредена болест, да ве поттигне да донирате и сето тоа да биде на некој забавен начин и за вас и за личноста/ите за кои донирате. Позитивното е тоа што не условува дека мора да направиме видео или да прифатиме нечија номинација, тоа е своеволно. Најбитното на крајот на денот е ние да се чувстуваме хумано, благодарно и возвишено зошто сме направиле добро дело, сме помогнале нечиј живот да се продолжи. И сме среќни што сепак постојат луѓе во светот кои истото би го направиле за нас, дали комерцијално преку социјалните мрежи или потајно преку е-banking или мобилен телефон.

Да им помогнеме на тие личности да го подобрат квалитетот на живот, да го обезбедат своето лекување, да се реализираат како личности зошто и тие како нас имаат свои желби, соништа, надежи. Само биле жртва на сопствената судбина и дел од нив бил одземен на некаков начин. Заедно можеме повеќе, заедно можеме да се издигнеме од дното и да бидеме тие кои сме помогнале некој да го доживее утрешното изгрејсонце.

Донирајте, бидете хумани и бидете среќни што сте помогнале!

Gina Sherovska

* Телефон за Донација од Т-Мобиле 070143102

Tелефон за Донација од ВИП 077143706

Трансакциска сметка: 300087021035990 Комерцијална банка на име: Олгица Тодоровска