log in

Адаптирани за пребарувачите google.com; yahoo.com и сл.

Gina Sherovska: Сакам нешто да ви шепнам

0

Тајните се како филмот Fight Club. Никој не зборува за нив. Народот вели “Кажи си ја вистината ќе ти биде полесно”, па нели тоа би било исто и со тајните? Кажувајќи ги гласно и јасно, оние најдлабоките. Нели би ви било полеснодоколку ги кажете, знаете на начин на кој што би можеле мирно да спиете и да не се грижите дали тајната некако маѓично би допрела до јавноста.

Не зборувам за оние “мали тајни” кои сте ги имале како деца или што сте правеле со вашите другарчиња позади зграда. Зборувам за горките (горко - слатките) работи во животот. Оние за кои нормално не дискутирате кога пиете кафе со пријател, или можеби зборувате, никој неможе да тврди со сигурност. Можеби да, ги дискутирате тие “тајни моменти” зошто можеби ги делите истите. Се прашувам, колку е тешко да се биде таква личност која носи толкава тежина која е заробена во едно тело на човек, во една душа. Товар кој би можел да сруши мостови, да ве оддземе од сите оние кои знаат, па и оние кои не се ниту свесни за тоа. Ве оддзема себе си, како што пловите низ животот.

Повторно јас со поговрките, Американците често упоредуваат “A two can keep a secret if one of them is dead”, поговорка која има многу значења, интерпретации и сила во себе. Но, што доколку “другарчето во злочин” не е баш во тој стил како во поговорката? Што доколку таа личност завзема дел во вашето секојдневно живеење, ви боди очи, ви го мери (несвесно) секој чекор кој што го правите... тоа би било еднакво со живеење во балон од кој нема излез, се додека балонот не пукне, односно се додека вие не признаете. Бизарното нешто е што токму тие тајни, кои сметате дека ги прават личностите диференцирачки едни од други, не ви даваат слобода во секаква смисла на зборот, тајните и луѓето кои ги знаат истите. Никогаш не знаете кога лицата кои ги знаат истите или вие заедно со нив, ќе ги поклоните тие тајни, онака баш ќе ги дадете неинтенциозно, случајно. Сите ние сме човечки суштества, на крај на денот. Правиме грешки за кои и не баш секогаш сме свесни дека ги правиме. Но, пред се треба да се биде внимателен, нели поради тие тајни, зошто секогаш има личности кои го чекаат токму тој дотичен момент на откриетие, особено доколку имаат некое наговестување. И баш така, еден ден додека сонцето надвор грее и мирисот на кафето ве обзема, вие ќе ја дознаете голата вистина, долго чуваната тајна за која (не) сте биле спремни. Тага? Болка? Нервоза? Шокираност можеби? Апсолутно дека ќе ги има во изобилие. Зошто нели како и се друго и тајните имаат нешто со кое одат заедно, па дури и во моментот на големото осознавање.

Не кажувањето на тајните на оние лица околу вас кои треба и заслужуваат да ги знаат е значително многу поболно, потажно и девастирачки, особено доколку тие ги знаат истите. Но, нели никој не зборува за нив. Не може да се држите толку цврсто, како мајка што си го држи во раце своето новороденче, засекогаш. Ќе се наголемат и ќе превземат се околу вас, вклучително и вие самите.