log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Facebook Popup by Acvilla

Следете ги сите новости од Biznis.eu.mk !

Изработено од Acvilla

Close

Евросуровина ПА

evrosurovinapa logo

Aдреса: ул.Прилепска бр.76-4, Битола, Македонија
Мобилен: +389 77 927 007
         +389 75 420 322
E-маил: evrosurovinapa@yahoo.com

 web   fbfb 
Работно време:
Пон - Саб од 06:00 до 15:00

      ОПИС                

ЕВРОСУРОВИНА ПА ДООЕЛ е компанија формирана во 2011 година, со првична дејност управување со отпад, откуп на секундарни суровини, обоени и необоени метали, преработка на жици и кабли.

Нашето претпријатие располага со најнова технологија за обработка на суровините и како резултат на тоа нуди високо квалитетен бакарен гранулат.

Освен за своите потреби, нуди и услуги за преработка на суровините за надворешни потрошувачи.
Покрај првичната дејност, во изминатите години се проширува и со сопствено производство и конечно во 2015 година на пазарот го пласира својот прв производ - подни гумени плочки кој е единствен производ од ваков тип произведен во Македонија. За овој производ, добитник е на високи признанија и награди.

ПОДНИ ГУМЕНИ ПЛОЧКИ
Гумените подни плочки се изработени од 100% гумен гранулат кој е одговорен за удобноста и меката текстура на гумениот под.
Отпорни се на високи и ниски температури, лесни за монтажа и со долг век на траење, погодни и за внатрешна и надворешна употреба.

Идеални се како решение за:

-детски пракови
-партерни уредби
-детски игротеки и игралишта
-фитнес простории
-деловни објекти
-кујнски површини
-детски соби
-дворови

Ги има во два облици со една стандардна димензија (50cm x 50 cm) должина и ширина и 2.5cm дебелина. За нејзиниот квалитет, докажуваат и бројните награди, признанија и сертификати ISO 9001-2015 и наградата за иновативен производ и претприемач на годината во 2016 година.


БАКАРЕН ГРАНУЛАТ
Бакарниот гранулат се добива со преработка на кабли и жици кои врват низ низа процеси, почнувајќи со првично рачно селектирање и одделување на шредер машини, просејување низ сито со разни димензии до финална магнетна сепарација, одвојување на бакарот до високо квалитетна преработка со чистина од 99.99% чист бакарен гранулат.

 

    ГАЛЕРИЈА           

 

Евросуровина ПА

     МАПА                 

Печати