log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Благој Ѓорев

 blagojgjorevlogo2

Адреса: Ул. Алексо Димниевски бр. 18, 1400 Велес
Телефон:043 233855
Мобилен:076/457-708
Еmail: contact@kristal.com.mk
 web    fbfb

      ОПИС                

 Прехранбената индустрија „БЛАГОЈ ЃОРЕВ“ од Велес веќе 90 години е синоним за квалитет. Нема домаќинство во Македонија во кое нашите производи немаат свое место. Маслото за јадење и маргаринот „Кристал“ се нашиот најпрепознатлив бренд, но подеднакво сме горди и на останатите производи: таан алвата, локумот, желе бонбоните, зачините, слаткото од смокви, производите од соја итн. 
Развојниот пат на Прехрамбената индустрија „БЛАГОЈ ЃОРЕВ” АД од Велес започнува во 1923 година. Како фабрика за масло работи до 1999 година кога е трансформирана во Прехрамбена индустрија поради широкиот асортиман на прехрамбени производи во сопствено производство.
Денеска ПИ „БЛАГОЈ ЃОРЕВ“ е модерен прехранбен капацитет, во кој целокупниот производствен процес се одвива во строго контролирани услови што претставува најдобра гаранција за безбедноста и квалитетот на секој производ кој излегува од нашата фабрика. За нас е особено значајно што „БЛАГОЈ ЃОРЕВ“ е единствениот капацитет во Македонија кој има целосно заокружен процес на производство на сончогледово масло, од семе до финален производ.
Сакајќи да го задржиме високото место на пазарот и довербата на потрошувачите, која се пренесува од генерација на генерација, ПИ „БЛАГОЈ ЃОРЕВ” продолжува да се развива и да инвестира во производството на здрава и квалитетна храна. Квалитетот е наша обврска! Ваше е да се храните здраво!

    ГАЛЕРИЈА           

 

Благој Ѓорев

     МАПА                 

Печати