log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Општина Гостивар



opstina gostivar logo 

Адреса:Бул.Браќа Ѓиноски Бр.61,Гостивар
Телефон:+389 42 213 511
Е-маил:
info@gostivari.gov.mk
web    fbfb

      ОПИС                

Општина Гостивар — општина во северозападниот дел на Република Македонија. На територијата на општината извира најголемата македонска река Вардар.
Бројност на жители во Гостиварско.Седиште на општината е градот Гостивар.

Околината на општина Гостивар изобилува со богата природа, поволна географска положба, над 500 м надморска височина прв жубор на изворот на реката Вардар, тука на западот на Мекедонија, опкружен од две тврдини, од Шар Планина и Сува Гора си со многу други карактеристики, се простира мирен со неговите жители градот на многути настани и личности.

За да се дојде во Гостивар, од Охрид, или од Скопје или од Тетово, се користи модерниот автопат која што гази низ плодното полошко поле. Всушност сите комуникации, патни или железнички, овозможуваат брза циркулација, На стотина километри јужно се наоѓа аеродромот во Охрид од околу деведесетина километри од аеродромот во Скопје.

Гостивар е општина која зафаќа околу 650 километри квадратни површини. Градот претставува административна, политичка, деловна и културна средина за околу осумдесетина илјади жители, од кои во самото градско јадро живеат речиси 36 илјади. Типична мултикултурна средина. Тука живеат Македонци, Албанци,Турци, Роми и други. Град кој претставува навистина убаво место за живеење, зашто нуди пријатна клима во сите периоди од годината извонредна местоположба, комуникации, услови за стопанисување, школување.

Токму затоа со години наназад е јасно изразена експанзија и на населението, и на економскиот развој, на негувањето на особеностите и особено, на грижата и создавањето што е можно поквалитетни услови за живот.

Од пролетта 2005 година, перспективите се уште посилни, со децентрализацијата, со што грижата во најголем дел ја имаат локалните власти. Впрочем, резултатите веќе се гледаат. Традицијата го дава белегот на секоја средина. Жителите на Гостивар со задоволство ќе ви ја раскажат приказната за тоа како настанало името на нивниот град.

За Гостивар се преплатени многу легенди од различни периоди. Според единствениот документ од античкиот период на историчарот Тит Ливиј (59-17 п.н.е.) се вели дека последниот цар на Македонија, Пасај (179-163) со 10.000 војници по освојувањето на Ускана (Кичево) го освојува градот Драудак за подоцна да го освои Онеј (Тетово). Од овие податоци може да се претпостави дека стариот град Драудак којшто имал голема важност, се наоѓа меѓу Кичево и Тетово, на местото на сегашен Гостивар.

Според една легенда сегашното има на градот Гостивар, настанало за време на владетелот Волкашин. Бидејќи доаѓале голем број на посетители, гости низ овие краишта, во текот турското владеење на турски го нарекувале „Гостивар“ што значи (гости има). Ова предание нема поврзаност со реалноста, бидејќи вакви места има во чисто словенските земји.

Исто така збор вар или вари во сите словенски јазици означува извор или место од каде што извира голема количина на вода - вриење, а исто така означуvа и бања. Како поткрепа на ова ќе го додадеме како пример градот Карлови Вари во Чешка или местото Хостиварж во прага што е во превод Бањите на Карло има и други примери во словенските земји за наставката Вар како што се Вуковар , Карлобар во Хрватска. Што во превод од старословенски би било „Бања за Гости“ . Како додаток на ова ќе кажеме дека во близина на Гостивар има село кое се вика Бањица. Самото име, односно Гостивар се нарекуваше местото на собирање на гости т.е.„Градот на гостите“.

Во 1850 година геологот и балканологот Ами Бег во описот на Тетово меѓу другото во еден дел вели дека во Полог се наоѓа „големото село“ Гостивар, додека како град Гостивар по прв пат се спомнува во двата записи од XIX век. Според нив оваа населба на Полог ја има оформено својата чаршија (плоштад) додека вторникот бил пазарен ден. Во 1874 год. градот имал 400 куќи, околу 2000 жители, додека на крајот на истиот век 3500 жители. Врз основа на записите на Абдулаќим Догани ,Гостивар го добива името од девојката дојдена од Бар која што за место на живеење го има одбрано овој град. На локален јазик девојка е Gоца и тоа од Бар (Тивар), затоа произлегува името Гостивар од момата од Тивар. Првиот бег на Гостивар бил Кара Мустафа Паша. Бо текот на владеењето на Султан Ибрахим Кан (1639-1648), во 1639 станува везир на Османското царство.После неговата смрт, кога го ликвидираат во Истанбул, неговиот син Ебу Бекир доаѓа во Гостивар. Како голем богаташ, по неговото доселување во Гостивар, гради џамија, во близина на Бег Маало. Во вакуфнамето од 1688 година, кое го има видено лично Абулхаким Догани, до џамијата е изградено една медреса, што е прва пкола во Гостивар, еден конвикт за учениците од блиските села, каде освен талебите (учениците) се хранеле и сиромашните од Гостивар. Во состав на овој комплекс функционирала и библиотека. Џамијата на Ебу Бекир е срушена за повторно да ја игради неговиот стрико Исмаил Ага. тој бил голем богаташ. Ја изградил и саат кулата, што ни дава до знаење дека оттогаш ова џамија се вика Саат-џамија. Во 1920 година во џамија се реконструира. Во летото 1944 се реконструира, за 50 години подоцна, да се изгради врз темелите на ова џамија, еден убав објект до Саат Култата која се наоѓа во центарот на градот. Новата џамија, Саат џамија, има едно минаре со две шерифиња. Полошката Котлина настанала како последица на големи тектонски пореметувања при истечување на езерото кое постоело на котлинското дно во текот на терциер и квартер низ дервенска клисура преку Вардар во Егејско море.Во ова геолошка фаза се формирал основниот рељеф на овој дел од Балканот, а со тоа и основниот релјеф на Полошката Котлина. Сува Гора со 1853 метри надморска височина и Шар Планина со 2 748 метри надморска височина го одбелешуваат целиот амбиент под кој е распослан градот.Западните планини и подински делови се покриени со бујна вегетација давајќи им на пределите изразито шумовит карактер, додека источните со голи и пусти поради варовит состав. Полошката Котлина е на 300-600 метри надморска височина. Таа е вистинска ризница за агропроизводство што обилно се користи. Развиеното земјоделско производство не може да се каже дека е доминантно.

Гостивар денес прераснува во современ стопански центар во кој се развиваат производството и услугите. Подлогата е во минатото, во развиеното занаетчиство и во големите индустриски системи кои поради застарените модели на организација и управување, не успеаа да опстанат во пзарниот натпревар. Тука некогаш опстојуваа врни занаетчии кои на пазарот нудеа најразлични производи, за денеска да никнуваат компании чии брендови се познати и надвор од гранците на Македонија. Територијата на Гостиварската општина е мошна богата област со постојани и повремени водени текови кои ја испречуваат областа сочинувајќи сплет од реки и рекички богати со вода во тек на целата година.

    ГАЛЕРИЈА           

 

Општина Гостивар

     МАПА                 

Печати