Logo

Општина Виница

vinicalogo

 

Адреса:Бел Камен бр. 13
Телефон:+389 33 361-945
Е-маил:
ovinica@t-home.mk
web    fbfb

      ОПИС                

Географска положба
Општина Виница се наоѓа во источниот дел на Македонија и со својата површина од 334 km2 e една од помалите општини. Го зафаќа југоисточниот дел од Виничко - Кочанската котлина. Таа од јужната страна е ограничена со северните падини на планината Плачковица и на исток со падините на планината Голак. Припаѓа на Источниот плански регион. Општинскиот центар се простира помеѓу Виничка и Градечка река, но се шири во сите правци. Покрај градот Виница во Општината има уште 16 населени места. Местоположбата на Општината овозможува добра поврзаност со соседните општини во регионот.

Рељеф
Со својата местоположба во Општината јасно се дефинирани планински, ридски и котлински релјефни структури. На јужната и источната страна доминираат планините Плачковица со највисок врв Лисец 1754 m и Голак со висина до 1000 м. Поради своите карактеристики, на падините на овие планини се одвојува ридестиот релјеф. Рамничарскиот релјеф на Општината е доминантен во северниот и западниот дел и се наоѓа на надморска височина од 390-450 m и ги опфаќа долината на реката Брегалница и дел од Виничко – Кочанската котлина. Карактеристиките на релјефот го дефинираат и развојот на општината, така што во рамничарските предели доминира полјоделството, а додека во повисоките предели доминираат шумите и ливадите кои се основа за дрвната индустрија и сточарството.

Клима
Со својата место положба општината Виница е заштитена од продирање на студени ветрови од север со Осоговските Планини, а од топлите ветрови од јужната страна со Плачковица. Главниот продор на топлите воздушни струи е од Повардарието преку долината на Брегалница. Ова влијание ја дефинира климата како умерено континентална, но околните планини со своето влијание донекаде ја менуваат. Просечната годишна температура изнесува 13 ºС. Најладен месец е јануари со 1,6 ºС, а најтопол јули со 23,5 ºС, преодот од зима во лето е брз како влијание на континенталната клима. Најчесто во општината дува југозападен ветер кој е топол и благ, како последица на продирање на топлите воздушни струи од Повардарието и најизразен е во пролетните и есенските месеци. Покрај овој ветер често се јавува и северозападен ветер кој е постуден, а нај изразен е во март. Според метеоролошките податоци просечно годишно во Виница има околу 530 mm врнежи, при што доминантен е дождот со учество од 90 %. Најврнежлив месец е мај додека најсув е август. Конфигурацијата на теренот и климатските влијанија овозможуваат да има само 7 магловити денови во годината.

Население
Во текот на времето, откако се водат пописи во државата, бројот на население постојано варира поради социо – економските промени во општеството, така да до 1961 година населението се намалува поради иселување на населението од Општината, а потоа расте градското население, но за цело време се чувствува миграција село – град и иселување на населението во поголемите градови и во странство. Поради тоа во периодот 1995-2005 се јавува повторно намалување на населението и во 2005 година во општината живееле околу 19000 жители, од кои во градот живеат околу 10000. Според образование доминира население со средно и пониско образование. Главен проблем во општината е големата невработеност која изнесува дури 46% од работоспособното население и заради тоа се потребни интензивни активности да се подобрат условите за нови вработувања.

Стопанство
Населението во општина Виница претежно се занимава со земјоделие, додека во градот доминираат неколку индустриски објекти од различни сектори и услужните дејности. Главни индустриски капацитети во Виница се: Фабриката за градежни материјали „Тондах“, Текстилните фабрики „Трико“, „Винка“ и „Виничанка“, дрвно преработувачките капацитети „Мебел – Ви“ и „Мебел Трејд“, прехранбената индустрија „Винчини“ и други помали капацитети.
Развој на градот Виница е темели на обнова и реконструкција на постојната индустрија и на поголема застапеност на услужните дејности. Планирани се изградби на нови стопански капацитети од мало и средно стопанство, со создавање на услови за траен и одржлив стопански развој.

Културно наследство
Во општина Виница најпознат археолошки локалитет е Виничкото Кале каде се пронајдени автентични теракотни икони од ранохристијанскиот период и пленат со својата оригиналност. За зачувување на културното наследство за потребите на ГУП на градот, изработен е Елаборат од страна на Националниот конзерваторски центар – Скопје, Заштитно конзерваторски основи на недвижно културно наследство. Археолошкото наоѓалиште е надвор од планскиот опфат на предметниот ДУП за Блок 12. Општината Виница спаѓа во редот на неоптоварени средини во однос на животната средина, како резултат на малиот број на жители, незастапеноста на тешка индустрија, климатските фактори и секако грижата за животната средина.

    ГАЛЕРИЈА           

 

Општина Виница

     МАПА                 

Печати

2015 @ Biznis.eu.mk