log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Facebook Popup by Acvilla

Следете ги сите новости од Biznis.eu.mk !

Изработено од Acvilla

Close

АУДИО ЕКСПЕРТ

audioekspert logo

Адреса: Митрополит Теодосиј Гологанов 130 Скопје Македонија
Телефон: 075 376 831
Е-Маил: contact@audioexpert.com.mk
Веб: http://audioexpert.com.mk/mk

      ОПИС                

AUDIO EXPERT е единствената фирма во Македонија која при изработката на сопствените звучници употребува научни методи, верификувани со мерења со сопствени професионални уреди за акустички мерења. Ќе ги наброиме само најважните достигнувања на Владимир Филевски, сопственикот на АУДИО ЕКСПЕРТ:
- Во декември 1995 година Владимир Филевски во списанието ЕМИТЕР го објави текстот „Компресиони звучни кутии“, каде за прв пат на македонски јазик беа објаснети Thiele-Small параметрите на звучниците и постапката како да се проектира компресиона (затворена) звучна кутија;
- Во 1996 година Владимир Филевски во списанието ЕМИТЕР (броеви 1-2/96 и 3-4/96) ги објави двата дела од текстот „Пасивни свртници за звучни кутии“, каде за прв пат на македонски јазик беа објаснети формулите и постапката за проектирање на свртници за звучници;
- Во 1997 година Владимир Филевски го купи CLIO - првиот професионален уред за акустични/аудио мерења во Македонија. Навистина е несфатливо како е можно еден „аматер“ прв во Македонија да купи и да употребува ваков професионален уред, а сите останати „професионални“ фирми за аудиотехника во Македонија да немаат такво нешто!
- Во 1998 година Владимир Филевски во списанието ЕМИТЕР објави серија текстови „Бас-рефлекс звучни кутии“, каде за прв пат на македонски јазик беше објаснета постапката за проектирање на бас-рефлекс звучни кутии со користење на Thiele-Small параметрите на звучниците;
- Од 1998 година па до денес, Владимир Филевски во списанието ЕМИТЕР објави повеќе проекти за самоградба на звучници, сите верификувани со мерења со професионалниот уред CLIO. За пример, би можеле да го издвоиме проектот „High-End Monitor SEAS 17“, објавен во ЕМИТЕР од април 2005 година. Тоа е звучник од висока класа, со измерена рамна фреквенциска какрактеристика во опсегот од само +/- 1,5 dB!
- Во 1997 година, Владимир Филевски во списанието ЕМИТЕР ги објави првите во Македонија слепи слушни тестови на hi-fi уреди;
Текстовите од Владимир Филевски од областа на аудиотехниката објавени во списанието ЕМИТЕР можете да ги најдете на овој линк, потоа тука и во рубриката писма.
На заинтересираните за НЛО (UFO) и за граничните подрачја на науката (пирамиди, телепатија, ...) препорачуваме да ја прочитате бурната полемика меѓу Стојмир Симјаноски и Владимир Филевски во фељтоните „Мистеријата на НЛО“ и „Мистерии на науката“, објавени во следниве броеви на ЕМИТЕР.
- Владимир Филевски е единствениот во Македонија кој има објавено научни трудови на светско ниво, од областа на аудио техниката:
- V. Filevski: "A Novel Design of Two-Way Multimedia Loudspeaker" - IEEE Transactions on Consumer Electronics, Volume 50, Issue 3, August 2004, Pages: 787-791.
- V. Filevski: "A Dipole Multimedia Loudspeaker", 120th Convention of the AES, Paris, May 2006.
- V. Filevski: "Simple Bass Equalizer for Closed-Box Loudspeaker Subwoofers", ICCE 2008, Las Vegas, January 2008.
- V. Filevski: "Optimum Placement for Small Desktop/PC Loudspeakers", 125th Convention of the AES, San Francisco, October 2008

    ГАЛЕРИЈА           

 

АУДИО ЕКСПЕРТ

     МАПА                 

Печати