log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Facebook Popup by Acvilla

Следете ги сите новости од Biznis.eu.mk !

Изработено од Acvilla

Close

Алфа Импорт

alfa import logo

Адреса: ул.Источна Индустриска Зона-Маџари,Складиште "Туртел", Скопје
Телефон: +389 2 3064 404
Мобилен: +389 75 435 075
Е-маил: info@alfaimport.com.mk

web   fbfb   instagram

      ОПИС                

Алфа Импорт е компанија, формирана во 1995та година. Компанија која од своите почетоци па се до денес постигнува брз и континуиран развој, во кој свој период на 23 години успешно работење на македонскиот пазар воспоставува нови стандарди во областа на продажно-дистрибутивното работење со градежни материјали.
Алфа Импорт постигна голем развој во делот на висококвалитните градежни решенија, овозможувајќи денес, компанијата да нуди иновативни градежни солуции, кои ги задоволуваат и највисоките еколошки и енергетско-ефикасни барања.
Полето на делување на Алфа Импорт опфаќа дистрибуција на сите стоваришта, магацини за градежни материјали и градежни компании во Република Македонија.
Нашата компанија има прифатено современи процеси на работа кои генерираат ефикасно, ефективно и успешно деловно работење и високо развиена свест за грижа и заштита на животната средина. Процеси кои ги овозможуваат нашите најголеми компаниски вредности на стабилност, долгорочност, сигурност, истрајност во градењето, доследност во нашата работа како и висок квалитет на сите наши производи.

    Алфа Импорт – Вашата градежна солуција

Уште во самите почетоци, нашата компанија се позиционираше на пазарот како стручно-ориентирана компанија, која професионално се занимава со работи од областа на градежништвото и трговијата со градежни материјали.
Денес кон сите наши потрошувачи и клиенти, дејствуваме со големо внимание, искрено, одговорно и посветено се со цел да ги задовoлиме сите нивни барања.
Главна дејност нашата компанија е увоз, продажба и дистрибуција на големо со висококвалитетни градежни материјали, покривни системи (глинени и бетонски ќерамиди), фасадни и силикатни тули, материјали за градба (термоблокови, гасбетонски и силикатни блокови, гитерблокови, ферт каналици, ферт монти, вентилациони блокови), термоизолација (камена минерална волна, стаклена минерална волна, кровни фолии), хидроизолација (хидроизолациони битумнески траки, битулит, хидроизолациони мембрани) и градежни лепила/малтери (акрилни бели/сиви лепаци за плочки).
Нашиот магацин за градежни материјали се наоѓа во Скопје, сместен во Источната индустриска зона-Маџари – Стовариште “Туртел”

СО АЛФА ИМПОРТ ДО ЕФИКАСНА ИЗГРАДБА НА ВАШАТА ИДНИНА

За ефикасно градење од големо значење се градежно физичките карактеристики, издржливоста, стабилноста, коефициентот на топлинска спроводливост и заштитата на животната средина, како и градежните активности во однос на начинот на ѕидање кој може да биде изведен со користење на различни техники. Ние сме тука да ви ги понудиме најдобрите.

 

    ГАЛЕРИЈА           

 

Алфа Импорт

     МАПА                 

Печати