log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Facebook Popup by Acvilla

Следете ги сите новости од Biznis.eu.mk !

Изработено од Acvilla

Close

ГУА ША

guashalogo1

Адреса: Ул. Гиго Михајловски 9-а/7
1000, Скопје
Моб. +389 (078) 926 221
Е-маил: olivera_luseva@live.com

fbfb

      ОПИС                

Ефекти од Гуа Ша масажа :

Ублажување и отстранување на болката во грбот, вратот и рамењата, воспоставување на нормална циркулација односно доток на свежа крв и кислород и доток на хранливи материи потребни за мускулното ткиво. Се овозможува постигнување на подобра и поздрава кожа, детоксификација на кожата, кожата е поцврста, клетките се активираат и се враќа еластичноста на лицето, намалување на брчките и неправилните линии на кожата со што добиваме помлад и поздрав изглед на кожата. Гуа Ша масажата има големо влијание и при ослободување од стрес, намалување на несоницата, зголемување на енергијата на телото и подобрување на имунитетот.
Ефекти од вакуум терапијата (ВЕНДУЗИ)
Подобрување на циркулацијата на крвта, поткрепување на метаболизмот на кожните ткива, ја зајакнува кожата, вкочанетост во грбот, го овозможува протокот на лимфата, помага при разбивање на целулитот, ја подобрува работата на дигестивениот систем, ги стимулира нервните завршетоци на кожата и се вклопува одлично во комбинација со Гуа Ша масажата.
Дејството на масажата врз човечкиот организам
Дејството на масажата во суштина се состои од локално механичко влијание на ткивата со што доаѓа до забрзување на циркулацијата, а со самото тоа се убрзуваат и метаболичките процеси во човечкото тело. Со подолга масажа на кожата се подобрува нејзината еластичност што придонесува за исчезнување на брчките.
Примената на масажата делува на кожата, поткожното ткиво, мускулите, зглобовите, периферните нерви, крвните и лимфни садови. Исто така со помош на масажата може да се делува не само механичко туку и рефлексно, со примена на рефлексна масажа каде преку одредени рефлексни зони се влијае на функцијата на внатрешните органи на телото.
Дејството на масажата на мускулите
Со масажата на мускулите се подобрува тонусот и еластичноста на мускулите се забрзува приемот на енергетските материјали а се подобрува и нивната контрактивна способност. Заморот на мускулите поради зголеменост на млечната киселина исчезнува после краткотрајна масажа. Кратка масажа од 3 до 5 минути побрзо опоравува заморен мускул отколку одмор од 20 до 40 мин. Со применета на овие масажи се зајакнува и имунитетот, односно општата здравствена состојба, помага за исфрлување на токсините од организмот создавајќи повитален изглед на кожата и здрав живот.

    ГАЛЕРИЈА           

 

ГУА ША

     МАПА                 

Печати