log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Facebook Popup by Acvilla

Следете ги сите новости од Biznis.eu.mk !

Изработено од Acvilla

Close

Прима Промет-Спачва

spacva logo

Адреса: ул.Орце Николов бр.79, Скопје, Македонија
Телефон: +389 2 3239 925
               +389 2 3230 744
Мобилен: +389 75 255 254
               +389 71 211 464
email: primapromet@yahoo.com
web:   http://www.spacva.mk/
facebook:  https://www.facebook.com/SpacvaMK/
instagram: https://www.instagram.com/spacvasalon/

Работно време:
Пон - Пет од 08:00 до 16:00

      ОПИС                

„Прима Промет“ претставува синоним за доверба и квалитет на македонскиот пазар во поглед на трговијата со градежни материјали. Компанијата е основана во 1995 година и своите темели ги поставува преку продажба на разновидни висококвалитетни градежни материјали: греди, даски, талпи, водоотпорни шпер плочи, иверица и блокови.

Спачва подови
Подовите што ги нудиме се добиени од најквалитетниот славонски даб кој се препознава по своевидната текстура и извонредна цврстина на дрвото. Наша цел е да понудиме производ кој гарантира издржливост и долготрајност. Подовите од масивно дрво даваат чувство на топлина, удобност и естетика во вашиот дом. Тие успешно се вклопуваат во сите современи ентериери нагласувајќи ја убавината на просторот.

Спачва врати
Различните модели на собни и влезни врати се изработени од материјали по највисоки стандарди, како и широка палета на дизајн и бои. Дрвените масивни врати се изработени во класичен архитектонски стил со чисти и едноставни линии. Медијапанските врати се изработени во модерен италијански стил. На вашиот простор му даваат безвремен изглед што овозможува вклопување како во класични ентериери, така и во модерно опремени стамбени објекти.

Услуги
Ние ви нудиме целосна монтажа на посакуваните производи за внатрешно уредување на деловен и станбен простор. За монтажа на вратите се грижи тим на обучени мајстори со специјализирана обука во Италија, кои се внимателно селектирани од стручниот тим на компанијата. За монтажа на понудените видови паркети се грижи Фирмата Паркет Гањо, која е основана во 2003 година, а официјален партнер станува во 2010 година. Паркет Гањо се состои од тим од монтери, опремени со нова и софистицирана опрема, кој гарантира брзо и квалитетно поставување на паркетот, како и негова завршна обработка.

Наши партнери - паркети
Компанијата „Прима Промет“ во својот изложбен салон Спачва нуди голем избор на различни видови на паркети и врати. За да им овозможиме на купувачите што поголем избор ние соработуваме со повеќе успешни фирми од регионот. За набавка на класични, двослојни и трослојни паркети соработуваме со :

Дрвопроизвод – Јастребарско
Спачва – Винковци
Мопар – Крижевци
Пан Паркет - Ораховица

Наши партнери - врати
Компанијата Прима промет преку својот погон нуди голем избор на собни и влезни врати. За изработка на вратите се користат материјали од италијанско потекло со различни дезени и бои кои ги задоволуваат вкусовите на сите наши купувачи. Погонот има капацитет да одговори на потребите на обичните купувачи, но и на инвеститорите кој градат големи објекти низ Македонија и пошироко.

Мисија
Продажба на висококвалитетни производи од реномирани компании и задоволување на барањата на потрошувачите следејки ги секогаш последните светски трендови.

Визија
Kреирање на препознатлив имиџ преку кој кај нашите потрошувачи, соработници и вработени ќе се идентификуваме како сигурен партнер кој ја заснова својата дејност на доверба, сигурност и квалитет во работењето.

    ГАЛЕРИЈА           

 

Спачва

     МАПА                 

Печати