log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Fit One

fit one logo

Адреса: ул.Даме Груев бр.18, Скопје, Македонија
Мoбилен: +389 70 228 823
Е-маил: info@fitone.com.mk

web   fbfb   instagram

      ОПИС                

Клубот првично започна со изведување на часови по аеробик во ОУ Вера Циривири - Трена (Карпош 2) во 2004 година по иницијатива на инструкторката Милица. За подоцна да прерасне во комплетен Aerobic & Pilates клуб со неколку дисциплини во Аеробикот и Пилатесот.

Се работеше со мали групи на вежбачи бидејќи и интересот за вежбање беше мал. Со посветена работа и напорно промовирање на здравиот начин на живот интересот за вежбањето се зголемуваше. Се почна со работа на неколку локации во Скопје, каде што се повеќе вежбачи ги практикуваа дисциплините во клубот. Организирањето на разни настани и активности, како промоција на пилатесот со така наречениот „Пилатес Ден“, планинарење на Водно, возење ролери на кејот на Вардар и слично, ја даваа позитивната насока на клубот со тогашното име „Fit for Fun“.

Во 2009 година клубот официјално почна да го носи името „Fit One“. Во исто време беше презентирана и воведена новата и најпопуларната дисциплина за вежбање „Zumba Fitness“. Со внесување на „Zumba Fitness“, Fit One ја збогати својата програма давајќи комплетна услуга за квалитетно вежбање. Сега сме еден од најпопуларните и најпосетувани клубови за аеробик и пилатес во Македонија, и единствен клуб до 2011 година каде што се нуди „Zumba Fitness“. Членството на клубот брои повеќе од 1500 вежбачи во текот на годината на неколку локации низ Скопје. Размислувајќи и за најмладите, во Fit One беше внесена новата програма за деца „FIT FUN“ почнувајќи во 2010 година во општина центар во ОУ „Јохан Хајнрих - Песталоци“.

Нашата мисија во Fit One не е само да им помогнеме на луѓето да ослабат, туку да го сменат комплетно својот начин на живеење. Едноставно се трудиме вежбањето да стане секојдневна здрава навика на секој човек. Секому му е потребна минимум 30 мин. физичка активност, три пати во неделата, за да ја подобри флексибилноста, работата на кардиоваскуларниот систем, да го намали стресот, да одржи добра килажа и комплетно да биде здрав. Покрај физичката активност, потребно е да се грижите и здраво да јадете. Всушност тоа е клучот за комплетен успех.

Но секој не е во можност тоа да го прави сам! Затоа сме ние тука да ве насочине и да ви укажеме како да се грижите за своето здравје и тело. Без разлика која е вашата мотивација (да ослабете, да имате повеќе енергија, да се грижите за вашите деца после долгиот и напорен ден на работа или едноставно да изгледате подобро), ние ви гарантираме сигурни резултати и ќе се грижиме секој од вас да биде поздрав, посреќен и да биде полн со енергија. Ние располагаме со искусни и професионални инструктори кои ќе ве мотивираат и ќе ви помогнат да ги остварите вашите цели. Приклучете се во некоја од групите и ќе видите како вежбањето станува забава.

Програма на Fit One

  • ZUMBA Fitness

Zumba Fitness - најзабавното вежбање користејќи фитнес кореографии комбинирани на латино музика.

  • Јин Јога

Јин Јога - бавен стил на Јога со пасивни асани (позиции) за комплетно релаксирање на телото и духот. Го намалува стресот, ја подобрува еластичност и протокот на енергија во телото.

  • Хата Јога

Хата Јога - Јога систем од статични физички вежби (асани) и техники на дишење за балансирање на телото и умот.

  • Енергетска Јога

Енергетска Јога - Интензивен Јога тренинг со енергетска и динамична комбинација на позиции (асани) за подобрување на целокупното здравје.

  • Step Аеробик

Step Аеробик - интензивен аеробичен тренинг со помош на степер за зацврстување на нозете и задникот.

  • Fit Аеробик

Fit Аеробик - високо ефективен аеробик тренинг за редукција на масното ткиво и подобрување на флексибилноста и координацијата во ритам.

  • Пилатес на топка

Пилатес на топка - најпопуларниот систем на вежби на топка за витко, еластично и убаво обликувано тело.

  • Пилатес на простирка

Пилатес на простирка - статични вежби на простирка за подобрување на еластичноста, зацврстување и правилно држење на телото.

    ГАЛЕРИЈА           

 

Fit One

     МАПА                 

Печати