log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Facebook Popup by Acvilla

Следете ги сите новости од Biznis.eu.mk !

Изработено од Acvilla

Close

Плинмонт

plinmont logo

Адреса: Стара Чешма бб, Битола, Македонија
Телефон: +389 47 262417
Мобилен: +389 70 606031
е-маил:plinmontbt@yahoo.com
fb:https://www.facebook.com/PLINMONT/
web:http://plinmont.com.mk/

Работно време:
Пон - Пет од 09:00 до 16:00
Саб од 09:00 до 14:00

      ОПИС                

ПЛИНМОНТ е водечка компанија во областа на автогасните уреди во Република Македонија, со повеќе од 10 години искуство во дејноста. Плинмонт обезбедува логистичка поддршка за сервисите кои се занимаваат со вградување на автогасни уреди во земјата, а за клиентите преку своите соработници обезбедува сервисирање на автогасните системи на целата територија на државата.

Плинмонт е дистрибутер и овластен сервисер за Италијанскиот производител на автогасна опрема групацијата Landi Renzo.

Мораме да ги нагласиме и големото искуство и стручната подготвеност на нашиот тим. Во текот на изминатите години, Плинмонт го зацврсти водечкото место во областа на автогасните системи во Македонија, што е резултат на зголемување на довербата кај потрошувачите, константно вложување во подобрување на квалитетот и воведување на нови технологии на Македонскиот пазар. Плинмонт ја одигра пионерската улога во воведувањето на автогасните системи во Македонија и во иднина можете да очекувате сите новини кои се промовираат на светскиот пазар да ги најдете најпрво во Плинмонт.
Плинмонт е специјализиран центар за вградување на автогасни уреди во вашите возила. Ние поседуваме 12 годишно искуство во конверзија на возила на ЛПГ погон што е гаранција за успешност и квалитет во оваа суптилна и деликатна дејност.

Плинмонт е лидер во ова поле – поседува опрема и обучен персонал подготвен да дизајнира и инсталира автогасен систем кој е оптимален за вашиот автомобил.

За нашите клиенти ги одбираме автогасните уреди кои се докажуваат како најдобри и најпогодни за условите во нашата земја и ги препорачуваме на нашите клиенти во зависност од типот на возилото. Сите вградувања на автогасни системи во нашиот сервис се изведуваат во согласност со највисоките меѓународни стандарди и со целосно почитување на постоечката законска регулатива во Р. Македонија.

Нашата понуда за вградување на автогасни системи ги вклучува брендовите:Landi Renzo , Lovato , Landi

Како и автогасна опрема од производителите: Tomasetto , AEB , GZWM , MSM GAS ,Samcelik

    ГАЛЕРИЈА           

 

Плинмонт

     МАПА                 

Печати