log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Facebook Popup by Acvilla

Следете ги сите новости од Biznis.eu.mk !

Изработено од Acvilla

Close

Бодибилдинг и фитнес студио Атанасовски

atanas

Адреса: Божидар Аџија бр. 16, Кисела Вода(во непосредна близина на економско училиште Васил Антевски Дрен), Скопје
Телефони: 070 788 889; 070 756 433
Работно време: Понеделник-сабота 10:00 до 22:00
Недела 16:00 до 22:00
e-mail: atanasovski71@gmail.com
web: http://www.klub-atanasovski.mk
fb profil: Bodybuilding & Fitness Club Atanasovski

      ОПИС                

Бодибилдинг и фитнес клубот Атанасовски своите почетоци ги датира од месец септември 1992 година кога на ниво на град Скопје постоеа клубови од ваков карактер кои можеа да се избројат на една рака. Еден од најважните датуми во историјата на клубот забележан е 28.Ноември 2012 година, денот кога се отвори комплетно новиот сопствен простор на ул.Божидар Аџија бр. 16 во близина на Економското училиште во населбата Кисела Вода. Клубот е исклучително простран и совршено климатизиран по највисоки светски стандарди. Моментално располага со 250 м2 озвучен и осветлен простор , кој нуди идеални услови за сите ваши потреби за здраво вежбање. Целокупната опрема за вежбање во клубот со повеќе од 70-тина работни места и тоа 16 аеробни и останатото анаеробна опрема е од врвни брендови за Боди билдинг и фитнес , односно Techno gym, Sports art, Precor и др. (погледнете опрема) . За вашето оптимално вежбање се грижи одлично организиран стручен тим кој со својот надзор , ќе ви помогне во опуштена атмосфера да постигнете врвни резултати. Вашиот фитнес тренер ви стои на располгање за изготвување на план и програма за вежбање кое во целост ќе ви одговара, согласно со вашите потреби и услови на тренирање.Постојат повеќе програми: Програми за слабеење, програма за кндиционен тренинг, програма за натпреварувачи, програма за луѓе со спортски повреди.Услугите кои може да ги добиете може да бидат на индивидуална или на групна основа. На барање на корисниците имаме вежбање со персонален тренер со долгогодишно и проверено искуство.
Нашата девиза е „движи се здраво , вежбај здраво , живеј здраво.“

 

    ГАЛЕРИЈА           

 

Бодибилдинг и фитнес студио Атанасовски

     МАПА                 

Печати