log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Facebook Popup by Acvilla

Следете ги сите новости од Biznis.eu.mk !

Изработено од Acvilla

Close

Хотел Нова Ривиера

3

Адреса: Кеј Македонија бр.4 Oхрид , Македонија
Телефон : ++389 46 209 900
Е-Пошта : hotelnovariviera@gmail.com

web   fbfb

      ОПИС                

Хотел Нова Ривиера се наоѓа на само шеесетина метри од центарот на Охрид , се верува дека повеќе од половина милион туристи престојувале во овој хотел во последните педесетина години. Иво Андриќ, Павле Вујсиќ, Бата Живоиновиќ, Петре Прличко, Лазар Личеноски се едни од многуте познати лица, глумци, писатели, сликари, музичари, политичари, од земјава и надвор, кои престојувале во хотелот и уживале во прекрасната музика, храна и пијалоци. Денес хотелот има нов изглед, нови сопственици и ново име Нова Ривиера, но ги има задржано старата традиција, обичаи и навики. Градските боеми сеуште тука го испиваат првотот утринско кафе, доручкуваат и уживаат во вкусот на традиционалната кујна. Повелете во Хотел Нова Ривиера и уживајте во релаксирачкиот амбиент, погледот на кристалното Охридско езеро, охридската староградска песна и вкусот на традиционалната и интернационалната кујна, како и богатиот избор на вина и други пијалоци.
Хотел Нова Ривиера се наоѓа во центарот на Охрид, само шеесетина метри од централниот плоштад во Охрид, на главнато градско шеталиште "Кеј Македонија" и има идеална локација со прекрасен поглед на езерото. Од едната страна е Стариот град каде што се наоѓа познатото наследство, културата на градот, и античкиот дел, а од другата страна на хотелот се познатите плажи на Охрид.
Ресторанот на Хотел Нова Ривиера е од отворен тип. Има капацитет од 300 седишта и може да се прилагодува според барањата и потребите на нашите гости. Нашите високо квалитетни кувари ќе ги задоволат сите Ваши гастрономски желби со широката понуда на традиционална и интернационална храна. Прекрасно уредена летна тераса со капацитет од 150 седишта нуди фасцинантен поглед на Охридското езеро, во текот на летото терасата е секогаш полна со домашни и странски туристи кои уживаат во звуците и вкусовите кои ги нудиме.

    ГАЛЕРИЈА           

 

Хотел Нова Ривиера

     МАПА                 

Печати