Адреса: Ул. Перо Наков 110-а, 1000 Скопје |
ОРБИТА ТРАНС доо е семејна компанија веќе три генерации. По принципот know – how, знаењето и умешноста доследно се пренесуваат од татко на син, што е формула за нашиот успех. Имено, секоја генерација остава свој печат и придонес во квалитетот и развојот на нашата компанија.
Визионер и првиот основач на концептот на компанијата е Крсто Кралевски, човек со визија и претприемачки дух, кој ја создаде идејата и имиџот на ОРБИТА ТРАНС. Во 1974 година тој направи храбра одлука како трговец поединец, еден од првите во тоа време, со само еден камион да почне свој приватен бизнис.